ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ветуваат нови патишта, а ќе исполнат како што изградија 600 километри автопат

СДСМ и Зоран Заев се наоѓаат во безизлезна ситуација. Стравот и хаосот се сместени на Бихаќка. Тоа го покажуваат јаловите соопштенија полни со манипулации, лаги и нови ветувања кои нема да бидат исполнети, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ветуваат нови патишта, а ќе исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000 денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 600 километри автопат итн. На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Доаѓа времето на просперитетот, работата, чесноста, трудот и исполнувањето на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат  дека на 15-ти јули СДСМ и Зоран Заев одат на буништето на темната страна на политичката сцена и ќе одговараат за секој сторен криминал.

-Изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, истакнуваат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.