ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Филипче работат на штета на здравјето на граѓаните

Здравствените експерти предвидуваат дека пандемијата предизвикана од корона вирусот нема да се подобри во брзо време, а Заев и СДСМ упорно на штета на здравјето на граѓаните туркаат избори за да го намалат изборниот пораз, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Според оваа партија, „на власта и на Заев не им е грижа за здравјето на граѓаните, а единствено за што водат грижа се сопствениот интерес и личното богатење”.

„Само вчера беа детектирани 22 новозаболени, а еден наш сограѓанин почина заради корона вирусот. Бројките покажуваат дека Филипче по диктат од неговиот шеф Заев не прави доволно тестирања само за да не ја прикаже вистинската слика во Република Македонија. Но, факт е дека бројот на инфицирани лица од корона вирусот во државата и понатаму расте.

Само за споредба, Република Македонија на 2 милиони граѓани има тестирано 9.034 граѓани, додека пак Словенија на 1 милион жители има тестирано 30.221 граѓани. Исто така, Република Македонија е на рекордно место по смртни случаи од Ковид 19, споредбено со земјите од Албанија, Бугарија и Грција”, се наведува во соопштението.