ВМРО-ДПМНЕ се обврза за две милијарди евра инвестиции во патишта

Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес конференција.

„Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија.

Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат“.