13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе биде во постојана комуникација со бизнис секторот

Дополнителниот заменик министер за финансии од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска-Кочоска овој викенд беше во посета на кожарската фабрика „Де Марко“ во Куманово.

Таа во посетата беше заедно со носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски и кандидатот за пратеник Бране Петрушевски.

 

По посетата министерката денеска преку видео порака изјави дека по 15 јули ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да биде во постојана комуникација со бизнис секторот и ќе разменува предлози, мислења и идеи се со цел да имаме поздрав бизнис сектор.

-Пред неколку денови бевме на посета Здружението на чевлари во градот Куманово, поточно со производителите на чевли кои што значат живот за овој град. На самиот состанок разговаравме за многу прашања и многу теми, меѓу кои и минимална плата. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека порастот на минималната плата нема да се врши преку ноќ, односно ќе бидеме во постојана комуникација со бизнис секторот притоа водејќи сметка за секоја дејност поединечно, било да е тоа производство на чевли, текстил и храна, вели Димитриеска- Кочоска.

Таа додава дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека по 15 јули ќе биде во постојана комуникација со бизнис секторот и ќе разменува предлози, мислења и идеи се со цел да имаме поздрав бизнис сектор.

-Да создадеме здрава економија за силна и моќна држава, рече Димитриеска- Кочоска.