Шилегов да одговори како со чиновничка плата дојде до цела зграда среде Скопје, луксузна викендица во Маврово и 4 стана. Петре Шилегов не направи ништо за Скопје, но затоа за себе си направи куќа во Маврово од над 300м2, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Од партијата велат дека Шилегов нема ниту еден проект по кој ќе се памети, но дека затоа ќе се памети како градоначалник кој од функција си заминал со две куќи и четири стана на својот имотен лист.
„Како со 60тина илјади денари плата месечно Шилегов успеа да направи куќа во Маврово од 300 м2 и да си ја реновира куќата во Карпош? Само од плата Шилегов не земал повеќе од 50.000 евра за 4 години, тоа не е доволно ниту за куќата во Маврово, а за реновирање на луксузната куќа во Карпош не станува ниту збор. И сето тоа доколку Шилегов не трошел на ништо друго, па дури ниту на храна. Кого лаже Шилегов? Скопјани или себе? Време е за одговори. Време е за одговорност. Време е за промени“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.