ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов е единствениот градоначалник во историјата на Скопје кој не се памети по ниту еден проект

Од ветениот тунел под Кале, Шилегов се сведе на 1 километар реконструкции низ секоја општина, и тоа пред избори, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов ги потценува скопјани и мисли дека ако пушти неколку машини по улиците ќе се создаде перцепција дека нешто работи. Најавата за градежна офанзива се сведе на 9.5 километри реконструкции низ 10 скопски општини, односно по помалку од 1 километар проекти за секоја општина. 1 километар реконструкции не е градежна активност, туку треба да биде редовна работа на градските претпријатија, а не повод за Шилегов да се фали со истото. На Скопје му требаат капитални проекти, Скопје има потреба од нови булевари, мостови, нови зелени површини, Скопје има потреба од работа која запре во изминативе 4 години. 4 години нема никаква активност. Скопје тоне на инфраструктурен план. Да не се проектите и инфраструктурните решенија на ВМРО-ДПМНЕ Скопје ќе беше денеска целосно блокирано и во хаос. Петре Шилегов ќе остане запаметен по едно големо ништо. Единствениот градоначалник на Скопје кој нема ниту еден капитален проект. Шилегов вети продолжување и на булевар Илинден со нов мост преку Вардар кон Ѓорче Петров, нови булевари и улици, Шилегов вети многу, а скопјани добија едно големо ништо. Наместо на работа, Шилегов се посвети на тендери. Шилегов треба да добие награда за патент – плаќаш две добиваш едно, и тоа секако плаќаш со народни пари, истакнуваат од опозицијата.

Шилегов не работи за скопјани. Шилегов работи за себе. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и втор ред. Македонија за сите луѓе! Додаваат од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.