ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов може да го сруши тоа што самиот го изградил, а бидејќи ништо не изградил, не може ништо да сруши

Петре Шилегов може да сруши тоа што самиот го изградил, а бидејќи ништо не изградил, не може ништо и да сруши, реагираше советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Цели 4 години слушаме како неспособниот и мрзлив градоначалник Петре Шилегов се заканува како ќе руши нешто што самиот не го изградил, а додека како празна воденица меле закани, дивоградбата во Матка се прошири и надгради, а воедно дивоградбата пред Мавровка доби одново форма и пак се вивна. Зошто мрзливиот Шилегов не отиде и да побара од надлежните институции да ги срушат овие дивоградба. 4 години од својот мандат ги преспа. Додека се расправаше за загадувањето во градот Скопје во Собранието на Република Македонија Шилегов играше игрици на својот телефон, додека цело Скопје беше затворено поради полициски час, Шилегов побрза во својата луксузна хациенда на брегот на Мавровското езеро да се релаксира, додека скопјани чмаеја во нивните домови. Шилегов во 4 години мандат шајка не закова, а да не зборуваме за тоа што не реализира ниту едно ветување од својата програма. Нема нов Луна парк, нема нови булевари, подземни кружни текови, тунел под Кале, нема ништо од тоа што ветуваше. Го разбираме, после 4 години мора нешто да зборува, па затоа и се навртел на рушење, но затоа не го оправдуваме“, се вели во реакцијата.