ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов не се ни обиде да го решава проблемот со загадениот воздух

Вечерва Аеродром, Центар, Карпош, Бутел, Гази Баба, Кисела Вода и Ѓорче Петров се гушат во неспособноста на Шилегов и загадениот воздух. Петре Шилегов пред три години протестираше за почист воздух заедно со врвот на власта. ПР потегот тогаш им помина затоа што беа новодојдени на власт, но поминаа три години, воздухот никако да се исчисти. И веќе не поминува ниту еден изговор, ниту оправдување, стои во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Шилегов и Заев ветуваа милиони за почист воздух, а сега фрлаат милиони на се, само за подобрување на квалитетот воздухот не. Цело Скопје се гуши во смет. Градот не презема ништо за дивата депонија Вардариште која го гуши и Аеродром и Гази Баба. Не се презема ништо ни за другите диви депонии низ Скопје. Шилегов не се ни обиде да го решава проблемот со загадениот воздух. Тој едноставно одлучи да не прави ништо. И додека тој ништо не прави Скопје се гуши, велат од советничката група.