ВМРО-ДПМНЕ Штип: Никој нема да ви верува дека она што не го завршивте за три и половина години, ќе го завршите за осум месеци

Поминуваат 7 денови од кампањата за градоначалник на Општина Штип. И досега не слушнавме ништо друго и ништо ново, туку истите манипулации и обезвреднувања на гласачкото тело, со кои СДС се служи веќе подолг период, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Почитувани челници на СДС во Штип, никој нормален нема да ви верува дека она што не го завршивте за 3,5 години, ќе го завршите за 8 месеци.! Разоткриени сте, прочитани сте и веќе не сте интересни. Вие не го заслужувате вниманието на граѓаните, затоа што веќе сите ги научија вашите шарени лаги, велат од партијата.