Системот крахира, а бројот на заболени постојано се зголемува

Додека здравствените работници мака мачат со опрема, Заев и неговите функционери фрлаат милиони по ручеци и патувања.  Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, Заев најавува дека ќе им ги намали платите и вработува партиски послушници, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ваква забегана и корумпирана власт не постои во Европа, ниту некој од Европа сака до себе Луј Витон политичари. Реалната слика на Република Македонија, ЕУ ја гледа, нема потреба од лажните соопштенија пишувани во Бихакќа. Неспособноста и неодговорноста се главната одлика на Заев и неговите министри. Реалната слика на Република Македонија во моментот е дека системот крахира, бројот на заболени и починати постојано се зголемува, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека докторите и медицинскиот персонал работат без соодветна заштита, а Заев и функционерите на СДСМ се расфрлаат со народни пари, и ќе ги кратат платите на работниците.

-СДСМ не е заслужно за позитивната одлука на Советот на министри на Европската Унија. Македонија поради СДСМ се наоѓа меѓу најкорумпираните и најкриминалните во Европа. ВМРО-ДПМНЕ по изборите ќе ја стави земјата на брза трака на реформи и ќе направи прогрес кој ќе биде препознаен од европските партнери, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.