12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

ВМРО – ДПМНЕ смета дека СДСМ се лицемерни измамници

Перверзно е Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претставници од партијата да говорат дека СДСМ е одговорна партија, реагираат од ВМРО – ДПМНЕ на прес конференцијата на Кирил Колемишевски од СДСМ.

Срамно е СДСМ да зборува дека спроведува политики од кои придобивки имале сите граѓани?!

„СДСМ е позната само по тоа што во нивниот мандат 500 илјади граѓани во текот на денот имаат еден оброк. СДСМ ќе биде запаметена како партија која предводи влада за чиј мандат има најголем одлив на лица во странство кои бараат само спас во други држави зошто не можат да ја трпат оваа криминално рекетарска банда.

СДСМ за три години ја урниса економијата. Растот на БДП во првата година од владеењето на СДСМ беше еднаков на нула, лоша реализација на капиталните инвестиции, немаше нови големи инвестиции и проекти, и оние со кои се пофалија беа договорени или започнати од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во партиската реакција“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Колемишевски на прес конференцијата рече дека со доаѓањето на власт на СДСМ минималната плата прво пораснала на 12.000 денари, за потоа да достигне 14.500 денари. Тоа е раст на минималната плата за 5.500 денари за само 2.5 години.

„Во 2017 година, со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни просечната плата е 22.808 денари , а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари. Тоа е раст на просечната плата за над 4.000 денари или поточно 4.028 денари.
Разликата е очигледна, бројките потврдуваат дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ за цели седум години просечната плата пораснала 2.000 денари, а со СДСМ за само 2.5 години 4.000 денари“, рече Колемишевски.