ДУИ и СДСМ се власт пет години, и секоја година сме се подалеку од ЕУ. Груби да престане да глуми европеец, и лажно да се прикажува за некаков фактор, затоа што едининствено што преставува, е портпарол на мафијата на власт, и слуга на криминалните интереси поради кој народот на Македонија глава не може да крене, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со Артан Груби и ДУИ може само да биде киднапиран пратеник, а не и да се интегрираме во ЕУ. Кога Артан Груби збори за европски вредности, Европа ја боли глава. И друг пат кога ќе говори кој каде му бил срцето, знаеме дека срцето на Артан лежи на куфер украдени пари“, реагираат од партијата