ВМРО-ДПМНЕ со листи за апсолутно мнозинство во Парламентот

Познати се носителите на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, со кои владејачката партија ќе атакува на апсолутно мнозинство во Парламентот и 62 пратеника.

Премиерот Никола Груевски традиционално е носителот на листата во првата ИЕ, која важи за лидерска единица каде се борат за доверба лидерите на партиите. Откако лидерот на опозицијата Зоран Заев избега од директно соочување со Груевски, според анкетите на гласачките места се очекува победа со три пати повеќе гласови на Премиерот против носителот на СДСМ Рената Десковска и Радмила Шекеринска.

Гордана Јанкулоска по трет пат ке оди на победа во ИЕ 2. Јанкулоска е сигурен фаворит против Шилегов и Оливер Спасовски во пакет, а нејзиниот рејтинг е во континуиран пораст.

 Никола Тодоров по победата над СДСМ во сооднос 3:1 во 2011 година во ИЕ 6, оваа година оди на рекорден резултат како носител во ИЕ 3.

 Зоран Ставрески по минатата победа над Заев повторно е носител во ИЕ 4. Министерот за финансии добива голема поддршка од земјоделците, тутунарите, бизнис заедницата.

 Антонио Милошоски по победите во 2006 и во 2011 година, оди на сигурна и убедлива победа и на овие избори како носител на ИЕ 5, каде се очекува огромна поддршка од родното Кичево, како и Битола,Охрид, Ресен, Крушево, Струга

 Никола Попоски е носител на ИЕ 6. Министерот за надворешни оди на повторна победа 3:1 над СДСМ. Негов противник ќе биде Стојко Пауновски од СДСМ, кој бараше кратење на пензии и социјална помош.

Според анкетите направени од 4 специјализирани агенции, од кои две странски, носителите на листи на ВМРО-ДПМНЕ се во водство од најмалку 3:1 дури и во некои случаи од 4:1 спрема носителите од СДСМ.

Истата пропорција и голема поддршка носителите на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите од листите ја уживаат и во однос на цело раководство на СДСМ и нивните кандидати споредени по рејтинзи по градовите.

Носителите на ВМРО-ДПМНЕ се луѓе кои зад себе, како што велат од партијата, имаат над 3.000 проекти, лица кои се произлезени од граѓаните и кои стојат на зборот по што се препознатливи во јавноста. На листите кои се правени со голем број на сондажи и анкети на јавноста пак има свежи и нови лица, но и постоечки и искусни пратеници кои уживаат позитивно мислење во јавноста. Според информациите до кои дојде Курир, се очекува да бидат официјално објавени за два часа по седницата на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

 

На полноќ завршува рокот за поднесување листи за кандидати за пратеници во Собранието на Република Македонија до Државната изборна комисија, за изборите закажани за 27 април.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.