ВМРО-ДПМНЕ: Со парите што СДС ги расфрли можеше да изгради студентски домови

Комплетната реконструкција на двата блока А и Б во студентскиот дом „Гоце Делчев“ изнесуваше 3.1 милиони евра. За неполни три месеци неспособната влада на СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички истроши над 300 милиони евра. Со парите што СДС ја задолжи државата и ги расфрли можеше да ги реконструира сите студентски домови и да изгради нови. Тие не реконструираа ниту еден! Уште помалку изградија некој инфраструктурен објект, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-Згора на тоа со ребалансот на буџетот што СДС го усвои скрати над 155 милиони денари планирани за студентските домови. Каде испаруваат народните пари? Откако СДС дојде на власт успеа за 3 месеци државата да ја турне во енормни долгови. Граѓаните буквално не видоа никаков бенефит од задолжувањето, СДС не реализираше ниту еден капитален проект со кој ќе го оправдаше ова задолжување, соопштуваат од партијата.

Во соопштението се истакнува дека граѓаните имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса.

-Неспособната влада на СДС ги занемари барањата и потребите на граѓаните во трката за вдомување на своите партиски војници. СДС, за игнорантскиот однос кон суштинските потреби на граѓаните ќе биде казнет на претстојните локални избори на 15-ти октомври кога Заев и неговата криминална врхушка ќе бидат поразени. Комплетната реконструкција на двата блока А и Б во студентскиот дом „Гоце Делчев“ изнесуваше 3.1 милиони евра. За неполни три месеци неспособната влада на СДС од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички истроши над 300 милиони евра. Со парите што СДС ја задолжи државата и ги расфрли можеше да ги реконструира сите студентски домови и да изгради нови. Тие не реконструираа ниту еден! Уште помалку изградија некој инфраструктурен објект, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека згора на тоа со ребалансот на буџетот што СДС го усвои скрати над 155 милиони денари планирани за студентските домови.

-Каде испаруваат народните пари? Откако СДС дојде на власт успеа за 3 месеци државата да ја турне во енормни долгови. Граѓаните буквално не видоа никаков бенефит од задолжувањето, СДС не реализираше ниту еден капитален проект со кој ќе го оправдаше ова задолжување. Граѓаните имаат право да знаат каде се трошат нивните пари кои секојдневно се одлеваат од државната каса. Неспособната влада на СДС ги занемари барањата и потребите на граѓаните во трката за вдомување на своите партиски војници. СДС, за игнорантскиот однос кон суштинските потреби на граѓаните ќе биде казнет на претстојните локални избори на 15-ти октомври кога Заев и неговата криминална врхушка ќе бидат поразени, се наведува во партиското соопштение.