ВМРО-ДПМНЕ: Со укинувањето на „Денот на дрвото“, владата на СДС ја покажа лажната грижа за чист воздух

406

Владата на СДС укинувајќи го денот на дрвото на површина ја покажува лажната грижа за чистиот воздух. Чистиот воздух, исто како и ветувањето за живот на сите се лажни пароли и лажни ветувања кои ќе станат синоним за неспособноста влада на СДС и Зоран Заев, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на денешната одлука на Владата за укинување на акцијата „Ден на дрвото“.

-Овие две ветувања ќе се вбројат во редот на големи лаги на СДС како онаа дека ќе вработеа по еден од секое семејство, и дека ќе носеле инвестиции. Владата на СДС и Заев наместо по градење исклучиво ќе се памети по уривање, стопирање, и наметнување на нови давачки, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека наместо со ново зеленило, тие против загадувањето се борат со покачување на цената на нафтата, покачување на цената на паркирање и редица ретроградни мерки.

Досега над 35 милиони садници се засадени од 2009та до сега, со над 50 проценти успешност со што се смета за едно од најуспешните пошумувања во регионот. Само во Скопје само за изминатите 4 години засадени 256.000 листопадни дрвја и зимзелени садници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.