ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на Телеком не е соодветно објаснување за платите тешки неколку илјади евра на раководството, туку тежок блам за компанијата и за Владата

„Кога Телеком, каде и државата преку Владата е сопственик, зборува за непартизираност на институцијата, треба да одговори дали истото соопштение го пишувале Нина Ангеловска, поранешна министерка за финансии од Владата на Заев, во време кога Ковачевски ѝ беше заменик, а сега член на одборот на директори на Телеком“, се вели во партиската реакција на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на Телеком дека директорите во компанијата не се државни службеници и не може аферата „Паразити“ да се однесува на нив.

„Или, пак, тоа е пишувано од Зоран Китанов кој исто е член на одборот на директори на Телеком, а поранешен директор на Агенцијата за патишта. Или пак од Шкодране Дардишта која исто е член на одборот на директори на Телеком, а како кадар на ДУИ беше 12 годишен директор на службите на државната Клиника и позната по заканите за етничка војна во државава. Или пак истото соопштение го пишувал Садула Дураку како сегашен член на одборот на директори на Телеком, а поранешен министер на ДУИ за животна средина. Ваквите автоголови на партизираното раководство на Телеком не се соодветно објаснување за аферата „Паразити“ и платите тешки неколку илјади евра кои ги земаат членовите на раководството на Телеком како што е Никола Љушев, туку тежок блам за компанијата и владата на СДС, истакнуваат од опозициската партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.