ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски и Русковска, кој им помогна на нарко босовите да избегаат?

Јавна тајна е дека Спасовски и неговите луѓе со нарко картелите се во пакт, реторичко е прашањето кој ја проби полициската акција, реагира денеска ВМРО-ДПМНЕ откако вчера беше објавена фотографија на министерот за внатрешни работи со лица кои се осомничени за продавање дрога.

„Секоја држава има криминалци, само во Македонија криминалците имаат своја држава. Епската битка против сузбивањето на голема група криминалци, шверцери и дилери на дрога со која Спасовски гордо се пофали, заврши со заплена на минимално количество на дрога од дури 100 грама кокаин и уапсени ситни ‘риби’. На главните криминалци, нарко-босови некој од власта им дојавил за акцијата и им дозволиле да побегнат. Оливер Спасовски безобразно ја излажа целокопната македонска јавност дека акцијата ‘Планина’ со заплена од 100 грама дрога и пронајдени клучеви од автомобили е успешна. Јавноста е сведок како Оливер Спасовски и функционери од СДСМ гордо се сликаат со нарко босовите на т.н. акција ‘Планина’. Истите лица кои побегнаа и се спасија се во друштво на Спасовски. Оној истиот Спасовски кои веќе 5 години е прв човек во Министерството за внатрешни работи и нема реализирано ниту една успешна акција“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Партијата ги повика министерот Оливер Спасовски и обвинителката Вилма Русковска да одговорат кои високи функционери од МВР им дојавиле на криминалците од Грчец и од Арачиново дека се организира акција и им помогнале да побегнат.

„Нерасчистени убиства, претрелки сред бел ден, криминалците кои неприкосновено шверцуваат дрога низ учиците се секојдневие во Македонија и за ова никој нема понесено одговорност. Заев и Спасовски се способни само за криминал. Македонија е закована на дното на сите реномирани светски извештаи за справување со криминалот и корупцијата. Одговорност за ваквото криминално однесување ќе има“, порача ВМРО-ДПМНЕ.