ВМРО-ДПМНE: Спасовски и Велковски кривично да одговараат за скандалот со џипот

ВМРО-ДПМНE бара поранешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кривично да одговараат за злоупотреба на службената должност и да не се кријат зад коалициските пазарења, бидејќи Владата констатирала одговорност за скандалот со службениот џип на МВР.

Констатирана е одговорност и злоупотреба на доскорешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски.
Политичката одговорност нема никакво значење без понесување на правна одговорност, односно Велковски и министерот Спасовски како негов надреден мора да одговараат и кривично поради веќе признаената и констатирана злоупотреба на службена должност. Владата на СДСМ да не се затскрива зад коалициски пазарења, туку да започне да ја практикува правната држава. Има директно признание од премиерот Заев дека Велковски е нивен политички кадар односно партиски член што е во спротивност со заложбите и обврските за непартизирана полиција. Бидејќи е констатирана одговорност, Велковски и Спасовски кривично да одговараат за злоупотреба на службената должност и да не се кријат зад коалициските пазарења и кадровски смени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.