ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски „жив фатен“ во врски со мафијата

Пасошите кои ВМРО-ДПМНЕ ги објави се направени пред 2020 година, односно во 2019 година. Обидот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да го вмеша и неговито претходник Наќе Чулев во издавањето пасоши и лични документи на мафијаши е „очаен и смешен“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Во прилог ги испраќаме сите пасоши и документи објавени од ВМРО-ДПМНЕ. Нути еден не е од 2020 година! Пак статива Оливер! Како и да вртиш сучиш – лажеш! Жив си фатен како си врзан со мафијата! Фактот што се обидуваш да споделиш вина со друг, говори дека си до гуша во криминал и дека си целосно свесен за калта во која сам си се втурнал“, истакнуваат од опозицијата.

Уште една две пресконференции и сам ќе се откриеш. Нема да има потреба од истраги, истакнуваат од таму.