ВМРО-ДПМНЕ: Тешко на држава во која Стојанчe керамида брани, а Филипче лечи, и денес енормно висока бројка заразени

95

Тешко на држава во која Стојанчe керамида брани, а Филипче лечи, велат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Секоја минута по еден човек во Македонија заболува од КОВИД. Секој час во изминатово деноноќие по еден човек го загубил својот живот. На секој час некое семејство во државава останало без свој близок заради неспособноста на Филипче. И додека бројките се поразителни, Филипче вели дека се е под контрола. Филипче до каде сме со оставката кога на секоја минута имаш по еден заболен?! Бројките покажуваат дека Филипче нема ниту план, ниту стратегија, а државата е оставена сама на себе, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче требаше да си даде оставка уште вчера, но и денес не е доцна, граѓаните очекувааг одговорност!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.