ВМРО-ДПМНЕ: Тоа што СДСМ одговара во име на Арсовска потврдува дека тајна средба имало, а Арсовска е уценета да одработува за Ковачевски

Тоа што СДС одговара во име на Данела Арсовска потврдува дека наводите за тајна средба Арсовска Ковачевски имаат основа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За неполни 48 часа во време на инфлација и енергетска криза клептоманската СДС плати и и’ поклони билборди на Арсовска само за да се пресметува со ВМРОДПМНЕ, потоа оддржува прес конференции за сомнеж за криминал кој го прави Данела Арсовска и кој неосновано се препишува на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно е дека клептоманската СДС ја „црпна“ Арсовска да биде новото лице во уценетата и новоформирана коалиција која одработува за својата слобода пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ. За ВМРО-ДПМНЕ единствен противник е власта која ќе ја смениме, и која ја одведе во пропаст Македонија„, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.