ВМРО-ДПМНЕ: Точно 48 часа по ужасот во Тетово, Заев го нема во јавноста со одговори за несреќата

Точно 48 часа по ужасот во Тетово, Заев го нема во јавноста со одговори за несреќата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Два дена Заев молчи и бега да поднесе оставка за да ја ослободи истрагата од влијание кое ќе попречи на нејзината објективност и неутралност. Оставката на Филипче не е доволна и истрагата ќе успее само Заев ако си поднесе оставка. Досегашното криење на Заев ни дава причини да веруваме дека се одвива процес за заташкување на доказите и прикривање на одговорноста, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека затоа брзо оставки, за објективна истрага и одговорност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.