ВМРО-ДПМНЕ: Трет бран на корона во Македонија, вакции нема, a се повеќе починати, Филипче ќе одговара

62

По повеќе од една година корона во Македонија сликата иста како и на почетокот, ако не и полоша, затоа што за оваа година можеше многу да се направи, ама не се направи ништо, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Трет бран и Филипче и Заев не направија ништо за да го организираат здравствениот систем, ама се грижеа за провизиите. Прв бран без лична заштитна опрема, без тестови, без соодветни лекови, втор без болнички кревети, без тестови, трет бран пак нема болнички кревети, нема доволно тестови…. Иако е трет бран и во другите држави вакцинацијата стартуваше крајот на декември или почетокот на јануари, во Македонија нема вакцини, има само незначителни донирани дози. Нема вакцини затоа што нема провизии. Во Македонија нема вакцини, нема лица кои стекнуваат имунитет затоа што примиле вакцина, велат од партијата.

Од таму додаваат дека ама бројката на починати се движи кон 3.500, бројката на заразени е повторно четирицифрена и за сето ова виновни се Филипче и Заев. Одговорност за загрозување на јавното здравје мора да има!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.