ВМРО-ДПМНЕ: Упадот на финансиска полиција во домот на пратеникот Јаулески покажува дека режимот на Заев е очаен и во распаѓање

Тоа што во домот на пратеникот Јован Јаулески утрово, упадна финанасова полиција и припадници на Мнинситерството за внатрешни работи предводено од Оливер  Спасовски на денот на гласање за доверба на влада, значи само дека режимот на премиерот Зоран Заев е очаен, во распаѓање и не одбира средства за притисоци и уцени врз пратениците, реагираа во четвртокот од ВМРО-ДПМНЕ за упадот во домот на опозицискиот пратеник.

Упадот се случи неколку часа пред во четвртокот во Собранието да со почеток во 11 часот да започен седницата на која треба да се гласа за доверба на Владата. Седницата ќе трае најдоцна пред полноќ.

„Таквите методи својствени за (поранешниот романски комунистички диктатор Николае) Чаушеску ќе бидат жестоко поразени“, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно на социјалните мрежи, пратеникот Јаулески објави дека од рано утротов во неговиот дом претрес вршеле припадници на Финансиската полиција.

„Не ви се плашиме, денеска хибридниот режим ќе заврши. Од 5:30 до овој момент во мојот дом упадна и врши претрес Финансова полиција“, пишува Јаулески.