ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски го штити криминалот

28

Вицепремиерот за справување со корупцијата Љупчо Николовски го штити криминалот, тој треба да каже до каде е случајот со дивоградбата кај Мавровка или е зафатен со правење бизнис и профити зголемени за 2.100 отсто, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој не кажува ништо за случајот со дивоградбата кај Мавровка, одговорност нема, институциите молчат. А Љупчо Николовски како најповикан, е зафатен очигледно со зголемување на профитот на сопствената фирма. Додека корупцијата цвета, а Македонија се најде на 111 место на листата на корупција на Транспаренси Интернешенал, а Економист не стави во групата на земји, хибридни режими, Љупчо Николовски, кој држи вицепремиерско место за борба против корупцијата е зафатен со зголемување на профитите на својата фирма, кој успеал за една година да го зголеми за 2100%. Нормално дека немаме поголем ефект на полето во борбата против корупцијата, зголемување на профит на фирма за 2100% е тешка работа, и вицепремиерот Николовски требал да се посвети целосно на тоа. Можеби по примерот на Коста Петров ќе напише и книга и ќе им објасни на македонските стопанственици и граѓани. како во услови на пандемија кога 6200 фирми ставија клуч на врата, а 55.000 граѓани останаа без своето работно место неговата фирма книжи профит зголемени за 2100% “, истакнуваат од опозицијата.

„Граѓаните имаат право да знаат! Ја повикуваме уште еднаш ДКСК да не спие, и да отвори случај против Љупчо Николовски за можни злоупотреби на функцијата. Одговорност мора да има“, додаваат од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.