ВМРО-ДПМНЕ утре одржува трибина – „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“

Од ВМРО-ДПМНЕ известуваат дека утре во 11:00 часот во Палата др. Христо Татарчев (Плоштад ВМРО бр. 1), ќе се одржи трибина „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“.

На истата ќе говорат проф. др. Гордана Силјановска Давкова и Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Настанот ќе го модерираат Марија Митева и Наум Стоилковски, портпароли на ВМРО-ДПМНЕ, а истиот ќе оди во живо на официјалната Фејсбук страница на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.