Вицепремиерот Кочо Анѓушев со денешната изјава покажува класично непознавање на материјата за којашто е одговорен, не само што има соработка на домашните со странските компании туку таа постојано се зголемува, реагираше ВМРО-ДПМНЕ наведувајќи неколку факти.
Факт број 1: во Македонија има над 100 странски компании кои што вработуваат 22.000 граѓани. Поголемиот дел од нив соработуваат со најмалку 500 домашни компании на годишно ниво.
Факт број 2: околу 55 милиони евра домашните компании заработуваат годишно како резултат на соработката со странските компании
Факт број 3: во изминатите 10 години се привлечени странски инвестиции во висина од 2,6 милјарди евра во време на СДСМ немаше ниту една странска инвестиција
Факт број 4: од 1 јануари до 1 јуни оваа година под услови на тешка политичка криза владата обезбеди 6 инвестиции коишто потенцијални ќе вработат 3000 граѓани.
„Поминува еден месец од владеењето на владата на СДСМ цела влада со повеќе министерства не успеа да вработи ниту едно гранапче, а не, пак, да отвори странска инвестиција. Кочо Анѓушев наместо да се занимава со демагогија нека ги засука ракавите и нека почне да работи“, се истакнува во реакцијата.