„Лицето Диме Витанов, советник во Општина Неготино и портпарол на СДСМ во Неготино, од службен мобилен број на Општина Неготино, кој тој го има задолжено како советник, се јавува на неколку наши членови и активисти.
Телефонскиот број од кој советникот на СДСМ од Неготино, Диме Витанов, се јавува на членови на ВМРО-ДПМНЕ е 078/484-970. Повторувам, тоа е број на Општина Неготино кој ова лице го има задолжено како советник во општината.
Да е скандалот поголем, овој функционер, портпарол на СДСМ и советник на СДСМ во Општина Неготино, Диме Витанов, се претставува дека е Илија од Центарот за комуникации. Лажно се претставува, што е кривично дело според важечките закони во Република Македонија,“ посочи директорот на Центарот на комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на денешната вонредна прес-конференција.
Според Димовски, овој функционер на СДСМ на членовите и активисти на ВМРО-ДПМНЕ им барал список со десет неопределени граѓани кои би гласале за ВМРО-ДПМНЕ и при тоа им посочил дека списоците треба да бидат пратени на меил адресата: [email protected].
„Сакаат да ги излажат граѓаните, па потоа да манипулираат и да се правдаат за своите изборни порази. Веќе видено сценарио на СДСМ.Оваа е тешко прекршување на законот и за овие постапки советникот на СДСМ, Диме Витанов ќе добие кривична пријава. Ќе мора пред институциите да одговара за своите постапки. Од надлежните институции бараме да ги испитаат сите податоци и информации кои денес и ги соопштуваме на јавноста.Не можеме да разбереме дека СДСМ се занимава со вакви детски работи, со вакви глупости,“ вели Димовски.
Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали заради ова двајца поранешни раководители на разузнавачките и контраразузнавачките служби добија високи позиции во СДСМ?
„Зар ова треба да го работи сериозна партија? Ова ли е дереџето до кое падна СДСМ? Но, политичката одговорност за ова фрапантно и скандалозно однесување на СДСМ ја носат нејзините двајца предводници, Радмила Шеќеринска и Зоран Заев. Тие ќе мора да ја понесат одговорноста за оваа недозволиво однесување на нивната партија. Зар вака ќе ја водат целата кампања? Очигледно немаат што друго да и понудат на Македонија освен старите модели на сценарија, сплетки и манипулации,“прашуваат оттаму.