ВМРО-ДПМНЕ: Владата да објави каков предлог Заев дал во Бугарија, нели се преговараше само за португалскиот предлог?

51

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Воедно беше соопштено дека Заев дал предлог до Бугарската влада. Јавноста има право да знае каков предлог и каков подарок овој пат Заев нуди на официјална Софија. Нели се преговараше само португалскиот предлог? Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали предлогот на Заев содржи работи со кои ги продава и идентитетот и историјата.

-Заев преку неговите изјави трајно го минира позициите на Македонија. Останува отворено кои се 5те историски личности за кои има согласност меѓу историските личности за кои Заев говори. Заев создава поделби во Македонија. Со Заев Македонија губи. Потребно е Заев да си оди, за Македонија да биде за сите луѓе, се наведува во партиското соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.