ВМРО-ДПМНЕ: Владата да одговори дали со народни пари плаќа човек кој пукал во припадник на безбедносните сили

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ не е опозиција и мора да даде одговор каде и како ги расфрла парите на граѓаните, Заев мора да понесе одговорност за расипничкото трошење на парите на граѓаните и мора да одговори кој е придонесот кој неговите советници го имаат во владиниот кабинет.

Владата мора да одговори на прашањата кои ја засегаат севкупната македонска јавност. Македонските граѓани ги интересира дали со нивните пари се плаќа човек кој пукал во припадник на безбедносните сили на Република Македонија?, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат дали советникот на премиерот Зоран Заев, Силвио Аврамовски, во Тетово пукал со огнено оружје, а потоа бил осуден за вооружениот инцидент и одлежал казна затвор?

Скандалозен е и фактот што уредник на регионалната телевизија ВИС е дел од кабинетот на Зоран Заев како советник иако сѐ уште се бави со новинарска дејност. Дали Ѓорги Калајџиев добива пари од граѓаните со задача да ги велича политиките на СДСМ и Заев во медиумот кај што е новинар во моментов? Дали Ѓорѓи Калајџиев оди по стапките на ткн ‘,независни’’ новинари Роберт Поповски и Мухамед Зекири. Новинари кои правеа хвалоспеви за Заев, а како награда добија државни функции и високи позиции со цел да им се исплати претходниот нивен ангажман, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека одговори и одговорност за расипничкото трошење мора да има и ќе има. Од опозициската партија најавуваат дека одговори и одговорност ќе има кога ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт и детално ќе се испита на што се оваа ненародна власт расипнички ги трошела парите на граѓаните.