ВМРО-ДПМНЕ: Владата гради апартхејд,наместо европско општество

Едно општество за сите не се гради со етничка исклучивост. Мерката на владата на Заев не само што е деградирачка туку е и дискриминаторка кон останатите граѓани. Наместо европско општество, Заев гради апартхејд, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Субвенционирањето на приватни компании за вработување по етнички клуч е апсолутно неприфатливо. Компаниите не треба да се делат по тоа кого вработуваат. Наместо политика на апартхејд, Владата нека почне да води европски политики. Нека ги тргнат главите од тендери и криминални пари, и нека гледаат да сработат барем нешто за граѓаните на Македонија, велат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.