ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС целосно ја уништува економската клима

Зоран Заев и Тевдовски продолжуваат со катастрофалните економски политики. Владата на СДС целосно ја уништува економската клима во Македонија и продолжува во истата насока со зголемување на даноците и воведување на нови давачки, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека токму ова го најави Зоран Заев во интервју на радиостаницата Канал 77 каде уште еднаш го потврдил планираното зголемување на даноците како и воведување на нова давачка која наводно ќе помогне во фискалната децантрализација на локалната самоуправа.

-СДС со стопирањето на капиталните инвестиции кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ ја втурна економијата во рецесија со пад на БДП од 1.8 проценти. Градежната индустрија беше прва на удар која со себе повлече 25 индустриски гранки кои се тесно поврзани со неа. Во секој момент се очекуваат првите отпуштања на работниците во овие сектори. Немањето чувство во трошењето на девизните резерви на државата како и континуираното задолжување на државата ја активираше и инфлаторната спирала која за месец август изнесува 1.9 проценти. Тоа значи дека не само што граѓаните ќе ги загубат своите работни места и изворот на егзистенција, тие ќе плаќаат и повисоки цени за основните потреби за живот. Животниот стандард во Македонија од ден во ден се намалува благодарение на овие катастрофални политики на СДС. Тој ќе го продолжи својот слободен пад и во иднина благодарени на новите давачки и повисоките даноци кои ги предвидува Заев и СДС, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека додека милионерската влада на СДС ужива во луксуз и раскош, граѓаните на Македонија повторно ќе ги преживуваат мрачните времиња на криминалната транзија на СДС. Се што СДС прави на економски план е спротивно од интересите на граѓаните, а во полза на врхушката на власта.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.