ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ ги понижи трудот и маката на македонскиот земјоделец

26

Единствена реформа што ја воведоа Зоран Заев и владата на СДСМ во земјоделството  е понижување на трудот и маката на македонскиот земјоделец, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека Заев ги излажал земјоделците. За три години власт на Заев и СДСМ земјоделието го клекнале на колена.

„Наместо ветениот сигурен пласман и високи откупни цени за земјоделските производи, граѓаните добија понижување, сиромаштија и беда. Нивите се се попразни, во селата не останаа луѓе, кои би можеле да бидат корисници на популистичката мерка која ја промовира СДСМ.

За стапката на зголемена сиромаштија говори и бројката, дека околу 500.000 граѓани се на прагот на сиромаштија.

СДСМ и Заев немаат легитимитет да ја водат државата. Потребни се системски решенија кои навистина ќе ги решат проблемите на земјоделците, а со СДСМ, Заев и Димковски тоа не е можно“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и порачуваат дека СДСМ и Заев мора да си заминат.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.