ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема доволно пратеници за уставни измени, Ковачевски се плаши од губење на власта

Вистинината испадна на виделина, СДСМ и Ковачевски немаат 80 пратеници за Уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот на Македонија. Пропаднаа лагите на СДСМ дека уставни измени ќе има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Димитар Ковачевски ја одби понудата од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае дека нема доволно пратеници за промена на Уставот.

Нека не се плаши Ковачевски. На првата наредна седница нека ги стави Уставните измени на дневен ред во Собранието за да се соочи со реалноста дека нема пратеници за промена на Уставот. Ама ден потоа нека си поднесе оставка и да се распишат предвремени парламентарни избори, за да го слушне и види мислењето на граѓаните за националните предавства кои ги направи на Македонските граѓани и Македонија.

Соочен со реалноста и исплашен од предвреми парламентарни избори, Ковачевски бара начин како да избегаа од соочување со граѓаните. Стравот е голем бидејќи знае дека ќе доживее катастрофален пораз.

Уставни измени нема да има, и за тоа се гарант пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нема да успеат заплашувањата и заканите на СДСМ. Нека собере храброст Димитар Ковачевски и нека се соочи со граѓаните на предвремени парламентарни избори, стои во партиското соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.