ВМРО-ДПМНЕ: Власта е во паника и преку насилство и заплашување се обидува да ги замолчи неистомислниците и слободомислечките граѓани

Власта е во паника и преку насилство и заплашување се обидува да ги замолчи неистомислниците и слободомислечките граѓани, ова денеска преку соопштение до јавноста го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неколкучасовното малтретирање на членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром во полициска станица е доказ дека деспот Заев е исплашен од младите и промените кои тие ќе ги донесат. Младите одамна му го свртеа грбот на Заев затоа што ги излажа и повеќе од две години не прави ништо за подобрување на животниот стандард. Младите не сакаат да живеат во криминална држава и го креваат својот глас против деспотот Заев. Ниту едно заплашување или злоупотреба на државните институции со цел замолчување на младите нема да помине, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата потенцираат дека младите се самосвесни и ќе бидат предводници на промените на оваа ненародна власт.

Деспотот Заев знае дека паѓа и затоа прави чекори во паника.

И Заев и сите кои ја злоупотребуваат власта за да шиканираат друг, треба да знаат дека ќе дојде ден кога ќе одговараат за своите незаконски дејствија. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи враќање на демократијата и правната држава, за сите да бидат еднакви пред законот и институциите. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи услови во кои правосудните институции непристрасно ќе одлучуваат и ќе ги процесуираат сите криминали на власт, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.