ВМРО-ДПМНЕ: Власта ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи

СДСМ две години ја пустоши државата. Економија која тоне, сиромашни граѓани кои едвај чекаат да се иселат од државата и нефункционална правна држава е сликата за Република Македонија по две години власт на СДСМ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта на СДСМ ќе биде одбележана по бруталните политички монтирани случаи, спроведени преку Русковска обвинителството и Кацарска судството, кои наместо по правото, гонеа и судеа според наредбите на Заев. Современата инквизиција која ја спроведе Заев е срам за државата. Овој прогон стави во затвор и изложи на шиканирање невини луѓе, кои без никакви докази се оставени да скапуваат по затворите, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата порачуваат дека Република Македонија не смее повеќе да толерира компромиси со правдата, правда мора да има.

-Законот мора да се почитува. Политиката мора да ги тргне рацете од правосудниот систем. Нефункционалното правосудство предизвикува и негатива врз економијата, која две години тоне 500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија и едвај врзуваат крај со крај. Работа се добива само доколку имаш роднинска врска со функционер на власт, а бизнис или тендер земаат само фирмите на Заеви и Анѓушев. СДСМ ја оттуѓи државата од граѓаните и предизвика големи штети, како врз државата, така и врз граѓаните и нивните животи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.