ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев води кон криминал, корупција и сиромаштија

Нов ден со троцифрен број новозаразени од корона поради неспособноста и неодговорноста на власта на Заев. Македонија има речиси 14 илјади заразени и скоро 600 починати, со што сме црна точка во Европа, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека  криминалната власт на Заев не се грижи за граѓаните.

-Фрлени се максимално на криминал и раскрчмување на државата. За тоа говорат црните бројки во економијата. Македонија е единствена земја во која пропадна банка во овој период, скандал тежок скоро 200 милиони евра и 100 илјади блокирани сметки. Дополнително државата ја задолжија за една милијарда евра за само три месеци, без никаква реална помош на економијата, туку исклучиво за изборен поткуп. 36 илјади граѓани останаа без работа, а најмалку уште толку не ја земаат редовно својата плата. Оваа влада на Заев направи рекорден буџетски дефицит од 520 милиони евра за првите седум месеци и постои основан страв кај експертите дека до крајот на годината нема да има доволно средства за сервисирање на обврските на државата, се наведува во партиското соопштение.

Владата која ја предлага Зоран Заев не е никаков нов почеток, туку продолжување на спрегата на стари истрошени и транзициски кадри, криминалот и корупцијата. Оваа власт на Заев е власт со која ќе царуваат криминалот, корупцијата, додека економијата тоне, а народот осиромашува.