ВМРО-ДПМНЕ: Власта не го решава проблемот со загадувањето, профитот и бизнисите и се пред здравјето на граѓаните

Власта на СДСМ не го решава проблемот со загадувањето затоа што профитот и бизнисите и се пред здравјето на граѓаните,  истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека во депонијата „Дрисла“ се складира отпад којшто се согорува и го загадува воздухот во Скопје со канцерогени честички.

„Скопје е загадено и од согорувањето на коксот со 18 проценти сулфур диоксид и обоениот текстил во 8-те фабрики на олигарсите на Зоран Заев и Петре Шилегов.

Не се исполнија предизборните ветувања на Петре Шилегов и Зоран Заев кога најавуваа решавање на проблемот.Петре Шилегов е три години градоначалник на Скопје, но за проблемот со загадувањето молчи, за разлика од локалните избори. Шилегов тогаш ја посочуваше депонијата „Дрисла“ како најголем загадувач на воздухот и ветуваше нејзино затворање“, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од тогаш, сегашната ситуација покажува дека власта на СДСМ свесно ги загрозува животите на граѓаните, потенцираат од оваа партија нагласувајќи дека нивната доверба во Шилегов е урнисана. Повеќе не може да им се верува на лажните ветувања на Зоран Заев и Петре Шилегов.

„Се што ветија, не исполнија. Секое ветување беше лажно и празно. Време е за одговорност и за обнова на Македонија“, констатираат од ВМРО-ДПМНЕ.