ВМРО-ДПМНЕ: Власта се обидува да заташка кои други функционери биле вклучени во случајот „Рекет“

216

Единствено што власта реализираше овие три години се рекетираните торби со пари тешки милиони евра, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека злоупотреби на службена положба, мито и корупција, помагање и прикривање на криминалот со импровизирани истраги, обвинители и судии во служба на владата, се ликот и делото на оваа влада.

Кој од владата му прати порака на Бојан Јовановски и во чии раце завршија милионските суми од рекетот, се прашањата за коишто се чини не смее никој да одговори, констатираат од опозициската партија.

„Власта се обидува да заташкува кои други функционери биле вклучени во криминалната мрежа за случајот „Рекет““, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, со десетиците коруптивни и криминални случаи, Македонија стана мафијашка држава каде владеат рекетарите и криминалците и поради тоа никој не сака да живее во држава каде нема никаква сигурност, а правдата е недостижна.

„Русковска одби да затропа на вратата на Илинденска, иако таму се наоѓа главата на криминалниот октопод, па за да ги заштити функционерите на власт ја затвори истрагата.

Пет месеци поминаа, а јавноста сеуште се прашува каде е торбата Луј Витон и службената белешка којашто требаше да ја приложи Заев?

Празната реторика и лажната желба за реформи во судството се одлика на оваа крими влада“, велат од најголемата опозициска партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ на планот за животот со рекет му доаѓа крај. Заев да не бега од избори туку да се соочи со одговорност пред граѓаните. Правдата ќе ја стигне оваа криминална власт на 12-ти април.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.