ВМРО ДПМНЕ: Во Македонија ништо не се гради

„Во Македонија под власт на СДСМ ништо не се гради, нема инвестиции, нема проекти. За првите пет месеци од годинава се реализирани само минорни 13.7% капитални инвестиции, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.
Додаваат дека од парите кои власта предвидела дека ќе ги инвестира во капитални инвестиции за сите 12 месеци, за 5 месеци потрошила само 13.7%. Што значи дека неспособноста оди до таму што не можат да ги инвестираат парите кои сами ги предвиделе.
„Државата веќе две ипол години буквално стагнира. Ништо ново не е направено, а проектите ВМРО—ДПМНЕ кои беа во скоро готови едвај ги дозавршија.
Ветувањата на Заев за 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта се испоставија како обични лаги.
Со Заев и СДСМ зборот не важи, туку лажи.
И иако нема инвестиции, сепак има задолжувања. Долгот вртоглаво расте, а пари кај граѓаните има се помалку.
Зоран Заев мора да одговара за пустошот кој го креира во економијата. Одговорност за стагнирањето на државата ќе има“, стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.