ВМРО-ДПМНЕ во Уставен суд ќе го оспорува Законот за јазиците

77

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, денеска беше во посета на Струга, како дел од подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори.

-Притоа оваа посета нормално ја искористив и да се сретнам со раководството на општинскиот комитет на Струга на ВМРО-ДПМНЕ, да поразговараме за актуелните политички теми секако и за проблемите коишто ги тиштат граѓаните на Струга и на целиот овој регион. Исто така би сакал да напоменам во оваа прилика уште еднаш за се она што се случува во државата во изминатиот период за насилната, криминална и нелигитимна промена на името и идентитетот на државата за последните случувања, исто така коишто се однесуваат на противуставната и противзаконската промена односно донесување и објавување на Законот за јазиците и како сето тоа се користи во еднодневна политичка игра од страна на Заев, СДСМ и ДУИ, односно од страна на власта, рече Јанушев и додаде:

„Како што знаете ВМРО-ДПМНЕ цврсто останува на своите ставови. Промената на името и идентитетот ние не го признаваме, не го поддржуваме и никогаш нема да го прифатиме. Од друга страна ќе ги преземеме сите правни механизми во однос на законот за јазиците и како што веќе најавивме ќе поднесеме кривични пријави за Талат Џафери и директорот на Службен весник, меѓутоа исто така ќе поднесеме иницијатива до Уставниот Суд за преиспитување на уставноста на истиот закон. Исто така би сакал да напоменам уште неколку работи што веќе последнава недела и те како се актуелни во Македонија, односно повторно би го актуелизирал прашањето односно нашето барање за предвремени парламентарни избори. Доколку навистина мислат на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија, тогаш уште еднаш ги повикуваме да излезат на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори и конечно да ставиме крај на оваа агонија во којашто живееме во последните две години“.

Во неколку случаи во последниов период, потенцираше тој, вклучувајќи го и референдумот од 30 септември, не ја послушаа волјата на народот, целосно игнорирајќи ја и потценувајќи го македонскиот народ и сите коишто живеат во Република Македонија, затоа ги повикуваме на избори уште еднаш да се соочат со народот од таму сме сигурни дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и Зоран Заев и сите од владејачката коалиција ќе ги пратиме во политичка пензија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.