ВМРО-ДПМНЕ во водство пред СДМС во уште една анкета

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е во предност пред СДСМ, а криминалот и корупцијата се на врвот од предизвиците со кои новата власт ќе треба да се соочи, се дел од резултатите од телефонската анкета на МКД.мк, спроведена од Маркет вижн на 1.200 граѓани во периодот од 12-ти до 20-ти декември.

Од испитаниците кои се изјасниле за која партија ќе гласаат, дури 40,6 отсто дале поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, наспроти 33,2 отсто кои се изјасниле во полза на СДСМ.

Доколку ако утре се одржат парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ е во предност (14,17 отсто пред СДСМ за кој се изјасниле 11,58 проценти од 1.200 анкетирани испитаници. Доколку, пак, овие бројки се пресметаат само во однос на оние кои се определиле, односно 929 испитаници,  тогаш разликата повторно е во полза на ВМРО-ДПММЕ со 18,3, наспроти 15 отсто за СДСМ.

Меѓу гласачите Македонци разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е поголема односно  12,6 наспроти 7,2 отсто. Процентот на гласачите Албанци, пак, кои би гласале за СДСМ е 2,1 проценти.

Претходно Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко истражување во периодот помеѓу 2-ри и 6-ти декември 2019 на 1,121 полнолетни испитаници  чии резултати покажаа дека довербата во ВМРО-ДПМНЕ е во постојан пад, додека рејтингот на СДСМ бележи драматичен пад. Така, во првата седмица од декемрви опозициската партија предводена од Мицкоски имала рејтинг од 21,4 отсто наспроти 17,5 отсто за владејачката партија на Заев која од почетокот на летото загубила 4 проценти доверба кај граѓаните.

Висок е процентот на оние кои одговориле дека ќе ги бојкотираат изборите (22,5 отсто) и оние кои рекле дека сѐ уште се неопределени (21,6 отсто), покажува истражувањето на Мкд.мк

И во албанскиот политички блок, здружените опозициски партии здружени Алијанса за Албанците, Беса и Алтернатива за Албанците би можеле да освојат повеќе пратеници од сега владејачката ДУИ.

Анкетата, исто така,  покажува дека во однос на оценките за државните институции (градоначалник, претседател, премиер, влада, судство) никој нема поголема оценка од 2,61 (претседателот на државата). Од 1 до 5 најниска оценка доби судството (1,79), а кај премиерот очигледна е надолната линија – од 2,61 во ноември 2018, до 2,40 во декември.

Големо е и незадоволството за тоа дали Македонија оди во добра или погрешна насока. На оваа анкета дури 61 отсто од прашаните граѓани одговориле дека Македонија оди во погрешна насока (во ноември 2018 година овој процент беше 54,9 отсто). Намалени се бројките кај граѓаните кои во ноември 2018 одговориле дека Македонија оди во добра насока (32,6%), во декември годинава тој процент е 27,9 отсто.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.