ВМРО-ДПМНЕ: Вработувањето на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, покажува дека институциите се користат за вдомување на послушните

Вработувањето на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, покажува дека институциите се користат за вдомување на послушните, ДКСК да го испита случајот, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако Рамчиловиќ стана пратеник од СДСМ тој ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а сега го вработи и синот како полицаец.

И додека народ бега од државата зошто не може да најде работа, за послушниците на власта има и по две вработувања од фамилија во иста институција.

Рамчиловиќ да не се вади на бошњачката припадност, зошто има стотици бошњаци кои не можат да дојдат до работа од таквите како него, кои ја злоупотребуваат политиката.

Рамчиловиќ ќе треба да им објасни на сите граѓани, како тој успеал да вработи два члена на неговото семејство додека е пратеник од СДСМ во МВР.

Вработувањето на сопругата, а потоа и на синот во МВР фрла сомнеж дека политиката замешала прсти при вработување. Оттука многу е важно ДКСК да го испита целиот случај, се вели во соопштението на партијата.