ВМРО-ДПМНЕ: За богатење на кланот на власт, Заев е подготвен да потпише се што ќе му се стави на маса

Премиерот во заминување Зоран Заев за да продолжи со криминалот, тендерите и разнебитувањето на државата е спремен да ја плати секоја цена, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

За да не запрат тенедерите и богатењето на кланот на власт, Зоран Заев ја стави и својата партија во заложништво. Спремен е да прифати се што ќе му се стави на маса.

Заев повторно манипулира со чувствата на граѓаните, мешајќи се и во судсата власт, а позади ваквите изјави и договри помеѓу партиите од власта во која сега е и Алтернатива стојат само поделбите на државните функции кои имаат за цел на богатење на поединци.

Секогаш кога се одвива некаква кражба или продажба на државните интереси власта ја врти темата кон националната реторика, ревизија на судските случаи и безбедноста на државата.

До кога помалите политички партии кои се дел од власта ќе бидат слепи послушници на криминалот, неправдите и политичките договори кои се на штета на државата и сите граѓани.

Граѓаните не треба да наседнуваат на спектаклите кои ги прават СДСМ, ДУИ и Алетернатива, бидејќи нема ништо да се смени на подобро а Македонија и понатаму ќе биде на дното на сите извештаи како најкорумпирана и најкриминална држава.

За излез од кризата во која ја втурна Зоран Заев, не се коалиции од лична корист, туку брзи предвремени парламентарни избори. Граѓаните заслужуваат промени и подобар животен стандард, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.