ВМРО-ДПМНЕ: За еден месец СДМС ги преполни министерстват со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос

СДСМ едно ветуваше на граѓаните пред изборите, а сега прави нешто сосем спротивно. Ветуваа професионално работење на институциите, а сега СДС преку нивниот пратеник Курто Дудуш на граѓаните им порача дека може да се лекуваат, да имаат социјална помош, да се вработат, да стигнат до основните свои права само доколку имаат нивна партиска членска книшка, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Остварувањето на основните човекови права е столбот во едно општество и нивното остварување не треба да зависи од тоа дали некој е или не е член на СДС. СДС со ова прави дискриминација на граѓани од прв и втор ред. Сите оние кои не се членови на СДС значи дека не може да стигнат до основните права во државата. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на ваквото прекршување на демократските принципи во нашата држава„, стои во соопштението од партијата.

Повеќе од еден месец како СДСМ е на власт, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, а министерствата и Владата на Република Македонија ги преполнија со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос.

„Под државна капа СДС ги стави соросовците, Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други кои беа дел од таканаречената шарена револуција, која причини огромна материјална штета на објектите, мостовите и спомениците во градот Скопје. Граѓаните на Република Македонија не сакаат и не заслужуваат партиска држава каде што членовите на СДС и некомпетентните и неискусни деструктивци ќе бидат привилегирани и плаќани од буџетот кој го полни народот“, се додава во соопштението.