ВМРО-ДПМНЕ: За неполни три месеции испариле стотици милиони евра народни пари без објаснување,

-Министерот за задолжување само од распишување на аукции на државни хартии од вредност успеа да ја задолжи државата во вредност од неверојатни 145 милиони евра. Според НБРМ девизните резерви на Република Македонија споредено 31 јули и 31 мај се од салдо 366,3 милиони евра намалени на 189,3 милиони евра. Цели 177 милиони евра недостасуваат за 2 месеци. Освен долгови и лаги граѓаните на Република Македонија од волшебниците на СДС не видоа ни „Р“ од реформи, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивната неспособност, додаваат, платените твитерџии од СДС не може да ја сокријат и да направат да исчезне како што исчезнуваат парите на народот.

-Време е волшебниците од СДС да одговорат во чии џебови овие пари од задолжувања завршуваат? Дефинитивно парите не завршуваат за отварање на ниви работни места, реализација на проекти или изградба на нови патишта или болници. Тоа СДС не го прави. Поради ваквото несовесно работење следи одговорност, која граѓаните ќе му ја испорачаат на 15-ти октомври.