ВМРО-ДПМНЕ: За промената на учебниците Заев ќе одовара за велепредавство

102

Вчера квинслингот Заев кажа дека ќе ги менува учебниците по историја од 2021 година, што значи дека ќе имаме учебници по бугарски терк, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека премиерот во заминување Заев менувајќи ја историјата го менува идентитетот на Македонците.

-Со тоа Заеви и официјално започна да си го спроведува кажаното во срамното интервју каде се откажува од се што е македонско и прави ретуширање на историјата. Велепредавникот Заев да каже дали го продаде АСНОМ, прифати ли дека бугарската окупација за време на Втората светска војна била администрација, го продаде ли Илинден, Гоце Делчев? Сега е момент сите граѓани да се освестат и да одлучат дали ќе се спротиставиме на ова и ќе го заштитиме македонскиот идентитет или ќе сме соучесници во бришењето на македонската историја, сегашност и иднина. Заев со тоа што прифатил промена на учебниците согласно бугарските барања и отказување од народните херои ќе одговара за велепредавство, стои во соопштението на партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.