ВМРО-ДПМНЕ: Заев четврти ден се крие од јавноста по трагедијата во Тетово, можеби повторно е на одмор?!

Заев четврти ден се крие од јавност за ужасот во Тетово, дали е во државата или можеби пак е заминат на одмор? Четири дена Заев нема ниту една изјава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога цела Македонија гореше во пожарите Заев и Филипче заминаа на одмор, сега кога 14 луѓе изгореа живи Заев пак го нема, се крие. Заев треба да излезе и да ги прифати оставките на Хасани и Филипче, доколку не го стори тоа или тие е поднесат оставки до собранието до вторник, тоа ќе го стори ВМРО-ДПМНЕ“, стои во партиското соопштение и се додава:

„Само со оставки на првите во институциите ќе може са се спроведе независна и непристрасна истрага. А потоа да следува и кривична постапка за тие за кои ќе има индиции и докази дека се виновни. Време е за одговорност“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.