ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали се разговара за бугарската декларација со која ќе се поништи македонската нацијаа

Премиерот Зоран Заев да каже дали на маса е бугарската декларација, за на мала врата да ја поништи нацијата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Бугарската декларација го негира македонскиот идентитет, историја и јазик. Тоа Заев во минатото јавно неколку пати и го прифатил. Заев јавно кажа дека македонскиот и бугарскиот народ се исти и дека зборуваат ист јазик. Заев кажа нешто што најголемите бугарску националисти не можеле ниту да го замислат. Заев удри и по темелите на македонската историја. Заев јавно кажа дека Гоце Делчев е личност на заедничката историја’, велат од опозициска партија.

Од таму додаваат дека Заев ги урна македонските позиции. Тој погази по црвените линии на државата, и сега откако ги сруши позициите глуми преговарач. Заев не е способен да направи било каков договор кој би бил во корист на Македонија. Со Заев имаме 4 години порази, 4 години со Заев, 4 години украден живот. Доста е!