ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори колку тој и неговата фамилија го зголемија своето богатство откако се на власт

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е единствениот политичар во Европа кој што го има на камера како бара поткуп. Тоа не е европска вредност, а Македонија водена од криминалци не може да се надева на членство во ЕУ и НАТО, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Постои ли друг премиер во Европа кој е јавно фатен и снимен како бара поткуп од бизнисмени „по едно евро за брат му, а едно евро за Црквата“? Има ли друг случај во Европа што Влада носи одлука за доделување на земјиште на фирма која што е во целосна сопственост на вториот човек во владата? Шефот на мафијата, главата на криминалниот картел на власта Зоран Заев треба да одговори колку тој, Вице Заев, Трајче Заев и останатите го зголемија своето богатство откако се на власт? Моделот едно евро за Вицето, едно евро за црквата стана модус операнди на Илинденска бб. Најважно е богатењето на високи партиски и државни функционери на СДСМ на грбот на граѓаните. СДСМ ја третира буџетската сметка како лична партиска преку која ги исплаќа долговите кон партиските послушници со крвави тендери и криминални грантови, а притоа ги задолжува граѓаните за милионски суми, стои во ракцијата од ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Граѓаните не им веруваат на лагите на СДСМ. Во јавноста не минуваат спиновите, по црниот петок се е јасно, маските се паднати. Јасно е дека Зоран Заев е спремен на се само за да ја зачува својата политичка кариера, спремен е на уцени, закани и мафијашки методи кои се главна одлика на владеењето на криминалниот картел на чело со Зоран Заев. Заев е спремен да ги распродаде државните и националните интереси поради остварување на своите лични и теснопартиските интереси. Граѓаните се свесни за сивилото кое надвисна над Македонија по доаѓањето на Зоран Заев на власт. Тие се свесни дека правната држава е укината, економијата пред колапс, а предизборните ветувања на СДСМ се шарени лаги. Токму поради тоа набрзо граѓаните ќе го испратат Зоран Заев во политичка пензија“.